Home page | Site map | Project info | Disclaimer

> Фонд за развој на човечки ресурси

Главно Мени
Календар
MEMBERS LOGIN
Корисник:

Лозинка:


Сигурен Мод

Добредојдовте во Фонд за развој на човечки ресурси

Фондот за равој на човечки ресурси (Фонд) е национална платформа активна во промоцијата на квалитетна обука за извршниот менаџмент и менаџмент консултантството. Фондот е основан како јавно-приватно партнерство, како Програма во рамките на Агенцијата за поддршка на претприемништвото на РМ (АППРМ). Негови основачи се претпријатија, професионални и бизнис асоцијации и универзитети.

Фондот е организација која ја стимулира примената на современи и иновативни менаџмент обуки и консултантство во земјата преку соработка со претпријатијата кои ги користат тие услуги, давателите на услуги, Владините институции и меѓународните тела. Фондот работи на подигнување на свеста за придобивките од користење на менаџмент обуките и консултантските услуги и стимулира практична обука чии резултати може да се користат директно во претпријатијата. Фондот е организација која ги спојува заинтересираните и вклучените страни во развојот на менаџментот во Македонија.

Крајна цел на Фондот е создавање на успешни и конкурентни компании и институции како на домашниот така и на странските пазари. Затоа нашето мото гласи:

Инвестирање во вработените, сигурен пат кон успехот!


                                Тимот на ХРДФ

 

 

                                                    

 

Вести
2009/12/21 - Обуки за извоз
Фондот за развој на човечки ресурси организираше две обуки на тема "Подготовка на план за извоз" од кои едната наменета за малите и средни претпријатија, а другата за консултантите од земјата.

повеќе 


2009/12/14 - Работилница во Загреб на тема Состојбата на мали и средни претпријатија од регионот
Центарот на работодавачи од јадранскиот регион (ЦЕПОЈАР) во периодот од 10-ти до 11-ти декември 2009 год. во Загреб организираше работилница на тема Развојот на малите и средни претпријатија (МСП) од регионот, на која Фондот за развој на човечки ресурси зема активно учество.

повеќе 


2009/11/25 - Обука на тема Подготовка на план за извоз
Во рамките на продолжување на активностите во врска со компонентата "Консалтинг за унапредување на извозот", која беше претставена во септември оваа година, Фондот за развој на човечки ресурси во соработка со Стопанска комора на Македонија, а финансирана од ГТЗ-Македонија организира обука на тема "Подготовка на план за извоз".

повеќе 


2009/11/03 - Обука на тема "Управување со проектен циклус"
На 30-ти и 31-ви октомври 2009 година во просториите на Машинскиот факултет во Скопје Фондот во соработка со алумни здрушението МАК-ЈАМС Скопе организираше дводневна обука на тема Управување со проектен циклус.

повеќе 


2009/09/25 - Презентација на порталот see-consultancy.net
На 24 септември 2009 год. во простории на Стопанската комора на Македонија, Фондот за развој на човечки ресурси во соработка со ГТЗ Македонија и Стопанската комора на Македонија го промовираше проектот Консалтинг за унапредување на узвозот и порталот see-consultancy.net.

повеќе 


2009/03/02 - Konferencija_belgrad_news
Во склопот на активностите на проектот се одржа првата регионалната конференција “Мрежа на консалтинг за извозна промоција на Југоисточна Европа”, на 26-27 февруари 2009 година во хотел Континентал во Белград.

повеќе 


2009/02/16 - Соработка со Бизнис
Фондот за развој на човечки ресурси разви соработка со днениот економски весник Бизнис. Од меѓусебната соработка произлезе заинтересираноста на весникот од објавување на дел од текстовите од брошурата Студии на случај на мали и средни претпријатија, напишани од наши консултанти.

повеќе 


2009/02/10 - Фондот ја изработи најновата анализа
Фондот за развој на човечки ресурси во соработка со надворешни консултанти во месец февруари потпиша договор за соработка со Проектот за изготвување на Анализа на потребите од вештини и усогласување на неформалното образование со бизнисот.

повеќе 


2008/12/01 - Management Summit 08
Слики од Менаџмент Самитот кој се одржа на 20 Ноември 2008

повеќе 


2008/11/19 - Билтен бр.8
Излезе осмото издание на Билтенот на Фондот за развој на човечки ресурси. Во неговата содржина се истакнати активностите на фондот за овој период.

повеќе