|
КОНФЕРЕНЦИЈА –БЕЛГРАД Фондот за развој на човечки ресурси е партнер на Германското друштво за техничка соработка - ГТЗ во имплементацијата на проектот “Развој на регионални понуди на услуги и пазари за деловен консалтинг ориентиран кон надворешната трговија” за Македонија. Основната цел на проектот е развивањето на регионален, прекуграничен пазар на деловни услуги за поддршка на извозот, а со тоа и обезбедување поддршка на извозно ориентираните компании. Овој проект е наменет за помош на компаниите во регионот кои сакаат да го интернационализираат својот бизнис, а тоа ќе се постигне преку понуда на база на консултанти специјализирани за одредени области. Со базата на консултанти од регионалните земји, малите и средни претпријатија кои се стремат кон извоз, ќе имаат олесенет пристап кон понудувачите на бараната консалтинг услуга. Во склопот на активностите на проектот беше и одржувањето на првата регионалната конференција “Мрежа на консалтинг за извозна промоција на Југоисточна Европа”, која се одржа од 26-27 февруари 2009 година во хотел Континентал во Белград. Конференцијата претставуваше одлична можност да се сретнат консултантите од регионот на едно место. Покрај македонски консултанти, активно учество земаа и консултанти од Хрватска, Црна Гора, Босна и Херцеговија, Србија и Албанија. Се искористија искуството на консултантите и компаниите од регионов, познавањето на регионалниот пазар и култура. На конференцијата е разгледуван новиот тренд настанат од глобалната економска криза, односно потребата консултантите и самите да го променат размислувањето, начинот на понудите и пристапот до компаниите во овие новонастанати услови. Македонската делегација која броеше 14 членови зема активно учество на конференцијата. Имаше две свои презентации во главниот дел на конференцијата и четири презнтации на три округли маси. Споделените искуства беа од голема корист за спознавање со состојбата во Македонија како и останатите земји од регионот.
|