Home page | Site map | Project info | Disclaimer

> Обука на тема "Управување со проектен циклус"

Главно Мени
Календар
MEMBERS LOGIN
Корисник:

Лозинка:


Сигурен Мод

 

Обука на тема „Управување со проектен циклус“

 

            На 30 и 31 октомври 2009 година во просториите на Машинскиот факултет во Скопје, беше одржана обуката на тема „Управување со проектен циклус“. Обуката беше организирана од страна на Фондот за развој на човечки ресурси во соработка со алумни здружението МАК-ЈАМС Скопје, а предавач на истата беше консултантот д-р Денис Жерновски.

Обуката помина во одлична работна атмосфера на која учество земаа 32 учесника и тоа членови на здружението, како и останати поканети гости од Машинскиот факултет Скопје, Министерството за образование и наука, Министерството за внатрешни работи-сектор за финансии, Технички Гасови Скопје, ФАКОМ, ЕЛЕМ, НЕЛКОН, Клиника за нефрологија Скопје, АППРМ, ФЕИТ Скопје и други. По завршувањето на обуката на сите учесници им беа доделени сертификати за успешно завршената обука.

На крајот од дводневната обука, а како дел од активностите на МАК-ЈАМС здружението за промоција на македонско јапонската соработка, беше организирана и презентација на слики изработени во посебна јапонска техника на уметникот Богдановски Миодраг - Мишо. Презентацијата беше посетена од приличен број на посетители меѓу кои и поранешниот градоначалник на Скопје г-динот Трифун Костовски. Сето тоа се заокружи со коктел за сите присутни.

Уште една успешно завршена активност на Фондот овој пат во соработка со алумни здружението МАК-ЈАМС.