Обуката ќе биде наменета за Малите и средни претпријатија (МСП) како и за консултантите во земјава. Предвидени се два термини за одржување и тоа:
-Првиот термин е на 04 декември 2009 година која ке ги опфати малите и средни претпријатија (МСП) и
-Вториот термин е предвиден за 17 и 18 декември 2009 година кој ќе се однесува на обука за консултантите членови на СЕЕ мрежата од земјава.
Обуката ќе се одржи во просториите на Стопанска комора на Македонија, а тренер-предавач ќе биде г-н Ристо Иванов, М-р по Маркетинг и сертифициран менаџмент консултант.
Главната цел на овие обуки е создавање и надградување на знаењата и вештините специфични за извозните активности кои како крајна цел го имаат развојот на извозот и поддршка на МСП во правец на тој развој, како и јакнење на капацитетите на домашните консултанти членови на мрежата на консултанти ориентирани кон извозот. |