Обука на тема Подготовка на план за извоз
Фондот во текот на месец декември организираше две обуки на тема “Подготовка на план за извоз” кои беа наменети за МСП и консултантите. Истите претставуваа одлична можност за развивање соодветни вештини за планирање на извозот на МСП со цел да се подобрат управувањето, маркетингот и комуникацијата со нивните главни извозни производи и маркетинг сегменти од една страна и поддршка на консултантите кои работат во областа на извозот од друга.
Обуките ја исполнија својата главна цел, а тоа беше создавање и надградување на знаењата и вештините специфични за извозните активности кои како крајна цел го имаат развојот на извозот и поддршка на МСП во правец на тој развој, како и јакнење на капацитетите на домашните консултанти членови на мрежата на консултанти ориентирани кон извозот.
За успехот на обуките сведочат и коментарите на некои од учесниците на обуките:
-“Семинарот беше одличен во секој поглед и апелирам скоро да се организира нов семинар за потребите на консултантите”;
-“Потребна е размена на искуства помеѓу консултантите, што всушност и се случи на самиот семинар, што особено ми се допадна”;
-“Отвореност/транспарентност на предавачите”;
-“Добро осмислена и содржајна програма”.
Во духот на продолжување на ваквата успешна соработка, во почетокот на следната година Фондот планира уште две вакви обуки како и една регионална конференција која ќе се одржи во Загреб во месец март.
Овие обуки се дел од активностите предвидени со Проектот “Промоција на консултантство за извоз во ЈИЕ” проект финансиски поддржан од ГТЗ – Германската канцеларија за техничка помош. |