Центарот на работодавачите од јадранскиот регион (ЦЕПОЈАР) во периодот од 10-ти до 11-ти декември 2009 год. во Загреб, организираше работилница на тема Развојот на малите и средни претпријатија (МСП) од регионот, на која Роман Пападимитров, Директорот на Фондот за развој на човечките ресурси зема активно учество.
На работилницата свое учество земаа и организациите на работодавачи од регионот и други меѓународни институции како Меѓународната организација на трудот (ILO), Меѓународната организација на работодавачите (IOE) и од меѓународната организација Транспарентност (Transparency International).
На работилницата посебен осврт се посвети на прашањата поврзани со состојбата со МСП:
- Работната клима за МСП во земјите од регионот, со посебни презентации за секоја земја учесник;
- Потреби и можности за подобрување на бизнис климата за МСП;
- Улогата на здруженијата на работодавачи во насока на подобрување на бизнис климата за МСП;
- Состојбата и присутноста на митото и корупцијата во националните економии со посебен осврт на МСП.
Фондот за развој на човечки ресурси имаше активна улога во работата и имаше свое излагање за состојбата, проблемите и идните активности за подобрување на климата на малите и средни претпријатија во Македонија. |