Фондот за развој на човечки ресурси (Фонд) ворамките на својата активност и делување во текот на 2008 година, ја издадеброшурата Студии на случај на мали исредни претпријатија во согласност со Учењето во претпријатијата–клуч заопстанок во светот што се менува. Во неа се содржани 13 студии на случај одавтори-консултанти на Фондот и тоа: Анастас Џуровски, Благица Тодоровска, АмирАлити, Сончица Петреска, Ванчо Попов и Живка Цветковска-Андоноска.
Од меѓусебната соработка со дневниот економски весник “Бизнис”, произлезе заинтересираноста на весникотза објавување на дел од овие студии. Така, во текот на месеците февруари и март,се објавија 6 текста од нашите консултанти на различни теми и тоа: студијата на Анастас Џуровски натема “Справување со конкуренцијата на пазарот напреработена храна и чоколади”, студијата на Живка Цветковска-Андоноска на тема “Развивање на стратешки правец”, студиите на АмирАлити на теми “Во вистинско време, на вистинско место, совистински производ”и“Градење на капацитети или иновација”, како и студиите наБлагица Tодорова на теми “Мотивирање преку програма на финансиски награди”и“Како се управува со промени”.
Секако оваа соработка не престанува тука. ВесникотБизнис и понатаму ќе ги следи активностите на Фондот и ќе објавуваат текстови поврзанисо работата на Фондот како и текстови од нашите консултанти, а интересни завремето во кое живееме.