Добредојдовте во
Фонд за развој на човечки ресурси
Фондот за развој на човечки ресурси (ХРДФ) е национална платформа активна во промоцијата на квалитетна обука за извршниот менаџмент и менаџмент консултантството. ХРДФ e основан како Програма во рамките на Агенцијата за поддршка на претприемништво на РМ (АППРМ). Нејзини основачи се претпријатија, професионални и бизнис здруженија, комори и универзитети.
ХРДФ е организација која ја стимулира примената на современи и иновативни менаџмент обуки и консултантство во земјата преку соработка со претпријатијата кои ги користат тие услуги, давателите на услуги, Владата и меѓународни тела. ХРДФ работи на подигање свеста за придобивките од користење на менаџмент тренинг и консултантски услуги, при што самата организација не извршува такви активности.
ХРДФ стимулира практична обука чии резултати ќе може да се користат директно во претпријатијата. ХРДФ не вработува обучувачи и консултанти: таа делува како посредник помеѓу нив и претпријатијата. ХРДФ е организација која ги спојува заинтересираните и вклучени страни во развој на менаџментот во Македонија.